Линкови за пристапност

Г-20: САД и сојузниците на крстопат


Мислам дека нема да имаме заеднички ставови по сите прашања, но, разумно е да разговараме, рече германската канцеларка за средбата со Трамп

Никој не очекува лесен викенд во Хамбург. Полицијата ги засилува патролите, а демонстрантите поставија камп.

Германската канцеларка Ангела Меркел вети дека ќе работи за постигнување консензус, но, таа не предвидува чудо во односите со администрацијата на САД.

„Мислам дека постои високо ниво на сличност, за други прашања има високо ниво на разлика, и затоа не сакам да го предвидам текот на разговорите. Но, мислам дека на крај нема да имаме заеднички ставови по сите прашања. Но, разумно и искрено е да разговараме за сите нив“, вели Меркел.

Претседателот Доналд Трамп вели дека има план да ги зголеми царините, или да наметне квоти за увоз на челик

„Она што тој прави е фрлање на секакви карти во воздух. НАФТА, критика на климатските промени, бидејќи тој всушност сака политика со нула основа. Мислам дека на крај, тој сигурно посакува слободна трговија, со победа за двете страни. Ќе има вистински судир на титаните на овој самит“, смета Тим Еванс, политички економист.

Непредвидливите преговори на Трамп веќе донесоа резултати. По заканите дека САД нема да застанат зад сојузниците на НАТО, кои не го плаќаат својот дел за одбраната, дојде ветувањето од членките дека ќе ги зголемат своите придонеси.

Тој рече дека ќе го раскине Договорот за слободна трговија во Северна Америка, и постигна договор со Мексико за извоз на шеќер.

Целта на американскиот лидер сега е, Кина и нејзиниот евтин извоз на челик, кој се обвинува за укинувањето на работни места, не само во САД, туку и во Британија и во другите земји од Г-20, вклучувајќи ја и Германија

Климатските промени се големо прашање за некои лидери на Г-20, но, аналитичарите велат дека заканата од евтиниот кинески челик би можела да биде заеднички проблем со кој треба да се справат.

Ако лидерите успеат да најдат заедничка основа, тоа ќе биде во спротивност со она што се случува на улиците на Хамбург, каде што демонстрантите се надвор од почетокот на неделата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG