Американскиот претседател Барак Обама вели дека светските лидери „направиле значителен напредок“ во стабилизирање на глобалната економија и дека е уверен оти европските лидери ќе бидат во состојба да ја решат должничката криза на континентот.
Обама на новинарите во петок им кажа на крјот на самитот на Групата 20 во Кан дека „преостанува уште многу работа“ за да се реши ситуацијата со долгот на Европа. Но тој кажа дека европските лидери „ги поставиле темелите“ за решение со минатонеделниот план за олеснување на долгот.
Сега, рече тој, европскиот план треба само да се изведе.
Американскиот лидер призна дека американската економија е послаба отколку што може да биде. Тој рече дека САД признаваат дека за најголемата светска економија најважната работа е да се направи побрз економскиот растеж.
Тој ја пофали Кина за согласување на самитот да „преземе дополнителни чекори за поттикнување на економијата“ во напор да се намали небалансираниот странски извоз што резултираше во огромен трговски дефицит со САД.