Линкови за пристапност

Обама ќе притиска за долгорочно решавање на должничкото прашање


Обама ќе притиска за долгорочно решавање на должничкото прашање
Обама ќе притиска за долгорочно решавање на должничкото прашање

Претседателот Барак Обама заминува на економскиот самит на Г20 во Франција неделава со надеж да и` помогне на Европа да напредне кон долгорочно решение за нејзината должничка криза, но тој исто така ќе се обиде да ги убеди другите држави на Г20 американските економски и политички проблеми може да се надминат.

Европската должничка криза која неодамна доведе до нереди на улиците на Атина ќе биде водечка тема на агендата на овонеделниот самит на светските економски сили во францускиот град Кан.

Претседателот Обама договорот постигнат минатата недела во Брисел го нарече важен прв чекор, но кажа дека е потребно уште да се работи на тоа.

„Клучот сега е да се обезбеди имплементација на договорот и јас имам голема доверба во европското раководство дека тоа ќе се случи“, рече тој.

Американските економски и политички проблеми може исто така да бидат тема на Г20. Упорно високата невработеност го забави опоравувањето на американската економија. Партиското препукување доведе до прашања од други држави дали Вашингтон е способен да ги реши своите економски проблеми.

Прес секретарот на Белата куќа, Џеј Карни, ги убедува партнерите во Г20 дека претседателот има напредок по тие прашања:

„Тој со себе во Франција го носи фактот дека притискаме врз Конгресот по овие прашања и тој оди како лидер на најголемата економија во светот и голем пријател и сојузник на многу големи нации“.

Друг приоритет на Обама во Кан е да изврши притисок за поголем пристап на американски производи на странски пазари.

„Треба да дојдеме на позиција каде САД секогаш ќе биде голем пазар и ние ќе поздравиме производи од цел свет, но дека ние треба и да продаваме производи во цел свет“., вели Обама.

Претседателот ќе продолжи да го покренува чувствителното прашање за вредноста на кинеската валута.

Но, како што вели Шехерезада Реман, директор на Истражувачкиот центар за ЕУ на Универзитетот Џорџ Вашингтон, тешко дека ставот на претседателот за кинеската валута ќе добие поголема европска поддршка.

„Тие се фатени во гаснење на сопствени пожари и не ќе можат ни да замислат сега да влезат во војна околу валутата со Кина. Од перспектива на претседателот Обама ова е добро време за тоа зашто американскиот народ ќе види дека правиме се` што можеме да ги задржиме работните места дома“.

Овие и други прашања ќе бидат покриени за само два дена. Обама и другите лидери на Г20 пристигнуваат во Кан рано во четврток и заминуваат доцна во петок.

XS
SM
MD
LG