Линкови за пристапност

Г-20: Кој е кој и за што ќе се разговара?


Разговорите на лидерите започнуваат во недела

Лидерите на 20-те светски најголеми економски сили, Групата 20, почнувајќи во недела, ќе имаат дводневна средба која ќе се одржи во Анталија, Турција, и ќе разговараат за соработка во економијата и данокот на промет, мигрантската криза и климатската промена.

Што е Г-20?

Г-20, кратенка за „Група од дваесет“, е меѓународен форум на владите и гувернерите на централните банки од 20-те најголеми економиски сили.

Членки се 19 поединечни држави: Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јужна Кореја, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција, Велика Британија и САД, заедно со Европската унија. ЕУ е застапена од Европската комисија и Европската централна банка.

Земјите на Г-20 претставуваат 85 проценти од светската економија и две-третини од светската популација.

Кој ќе присуствува?

Американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Ооланд и кинескиот претседател Ши Џинпин, заедно со многу други лидери од светот кои се поканети да присуствуваат на самитот.

Лидерите на Шпанија, Азербејџан, Малазија, Сенегал, Сингапур и Зимбабве исто така ќе присувствуваат на самитот по покана на Турција и покрај тоа што не се членки на Г-20.

Зошто Турција?

Турција официјално го презеде претседавањето со Г-20 од Австралија на 1-ви декември 2014-та година, а Кина е следна земја претседавач во 2016-та година.

Што ќе биде на дневен ред?

Глобалната економија, најголемата мигрантска криза од Втората светска војна и климатските промени се очекува да бидат темите на кои најмногу ќе се разговара на самитот.

Економиите на глобално ниво

Неколку економии се соочуваат со сериозни проблеми, особено Русија и Кина, што ќе биде голема тема на собирот.

Мигрантска криза

Пред одржувањето на Г-20 самитот, лидерите на Европската унија се сретнаа во четвртокот на неформален разговор во главниот град на Малта, Валета, за да разговараат за мигрантската криза во која повеќе од половина милион мигранти влегоа во ЕУ од почетокот на годинава, што го разниша договорот за отворени внатрешни граници во Европа.

Климатски промени

Земјите членки на Г-20 потрошиле речиси исто за да го потпомогнат производството на фосилно гориво и за субвенционирање на обновливата енергија, што ја става под прашање нивната заложба за подобрување на климатските промени, изјавија од Прекуморскиот институт за развој, во четвртокот.

XS
SM
MD
LG