Линкови за пристапност

Која е иднината на вселенските летови?


Изгледа како необичен метален силос обоен во портокалова боја. Поставен високо над ветровитиот и влажен пејзаж на Алабама. Сепак некои карактеристики на дизајнот се познати.

„Има вградено голем дел од постарата шатл технологија“ вели инженерот на НАСА, Мајк Николс.

Овој силос не е наменет за да го врати повеќенаменското вселенско летало назад во орбитата, кое беше приземјено во 2011-та година - последен пат кога НАСА испрати астронаут во вселената од американската почва.

Прославите по повод одбележувањето на 50-годишнината од слетувањето на Месечината на Аполо 11 во 1969-та година беа потсетник за јавноста дека НАСА не се вратила на Месечината од 1972-ра година и во моментов не испраќа астронаути во вселената од американска почва. Единствениот начин на кој тие моментално можат да стигнат до Меѓународната вселенска станица е со капсулата Сојуз, од Русија.

Ако се` оди според планот на НАСА, следи промена. И она што се случува во Алабама, е формирање на јадрото на новиот систем за лансирање вселенски летала.

„Она што го гледате е течен резервоар за водород“, вели Николс, еден од водечките инженери на НАСА кој учествува во тестирање на нова ракетна технологија во Алабама.

Следни чекори

Додека САД се подготвуваат за друга програма за Месечината, астронаутот Ал Ворден верува дека НАСА би можела да се здружи со Кина за остварување на заеднички цели.

„Мислам дека она што треба да го сториме е да соработуваме... мислам дека програма за соработка би била поефикасна од начинот на кој соработуваме сега“.

Инженерот Николс вели дека неговиот тим се обидува да ги вратат астронаутите на Месечината и тие се фокусирани кон развој на помодерен и помоќен дизајн на ракета, што потенцијално ќе ги однесе подалеку отколку кога било порано.

„Многу е лесно да се изгубите во секојдневните инженерски работи и да се заборави на тоа“ изјави тој за Гласот на Америка.

Во моментов НАСА не е единствената организација која работи на развој на вселенски летала. Приватни компании како „Боинг“ и „Спејс X“ развиваат свои програми да ги однесат астронаутите во орбитата на Земјата и до Меѓународната вселенска станица.

Првата нова мисија на Месечината од програмата „Артемис“ е закажана за следната година, но без екипаж. Артемис 2 планира да испрати астронаути околу Месечината во 2022-та година, при што „Артемис 3“ ќе слета на јужниот пол на Месечината во 2024-та година.

Ако тестирањето заврши, сите мисии ќе го започнат своето патување назад кон Месечината или на Марс со новиот систем за лансирање, кој се развива во моментов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG