Деновиве, кога Интернетот прославува 25-та годишнина од постоењето, стручњаците предвидуваат како глобалната мрежа ќе влијае врз нашите животи во наредните 10 години.
Извештајот го подготвија Истражувачкиот центар Пју и Центарот за проучување на Интернет на Универзитетот Илон, а вклучува предвидувања на 1.500 стручњаци.
„Неверојатно е колкав консензус постои меѓу стручњаците за тоа што ќе се промени, а уште поневеројатно е колку нивните одговори се разликуваат за тоа како промените ќе влијаат врз корисниците, на добар или лош начин“, вели професорката Џена Андерсон од Универзитетот Илон, главна авторка на извештајот.
Повеќето стручњаци наведуваат дека во секојдневниот живот, луѓето се` помалку ќе го забележуваат Интернетот, исто како што тоа беше случај со електричната енергија.
Ова, стои во извештајот, може да „доведе до далеку поголема поврзаност меѓу човекот и машината, што ќе промени се`, од личните интеракции, па се` до одлуките на владите ширум светот“.
Повеќето од предвидувањата се во позитивна насока, но стручњаците имаат и причини за загриженост.
Пју и Илон прават слични истражувања уште од 2004-та, и, како што наведува Андерсон, станува интересно да се види како со тек на време опаѓа возбудата во врска со технологијата. Вели, во 2004-та повеќето стручњаци говореле за тоа како ќе биде прекрасно со технолошките достигнувања.
„И сега постои ентузијазам, но и негативни аспекти, повеќе од кога и да е` порано“, вели Андерсон. „Луѓето почнуваат да увидуваат дека сите можат да ја употребат моќта на комуникацијата, и за добро, и за лошо“.
Сепак, надеж дава се` поголемата достапност на Интернет, што има потенцијал да ја зајакне глобалната поврзаност, а тоа, пак, „може да креира попозитивни односи меѓу општествата“, стои во извештајот. Во него се предвидува и дека со таканаречениот „Интернет на нештата“, кога сите видови на направи, од кафемати до четки за заби ќе бидат поврзани на Интернет, обемните количини на податоци и вештачката интелегенција ќе придонесат луѓето да бидат посвесни за светот во кој живеат и за сопственото однесување.
„Направите ќе имаат сопствени начини на комуникација, нивни сопствени `социјални мрежи` преку што ќе споделуваат и собираат информации и ќе вршат автоматска контрола и активација“, вели Дејвид Кларк, виш истражувач во Лабораторијата за комјутерска наука и вештачка интелегенција при Институтот за технологија Масачусетс.
„Се` повеќе, луѓето ќе живеат во свет каде одлуките ќе ги донесува активна група на кооперативни направи. Интернетот и комуникацијата со посредство на комјутерите, ќе стане попрониклива, но помалку експлицитна и видлива. Тоа, до одреден степен ќе се вткае во позадината на се` што правиме“.
Стручњаците мислат дека ќе дојде до почеста употреба на направи што ја зајакнуваат реалноста, а што би се носеле, како очила, на пример. Ваквите направи би следеле бројни информации од секојдневниот живот, давајќи му на корисникот повратни информации, на пример како да го подобри сопственото здравје.
Аналитичарите опфатени со истражувањето најавуваат Интернетот да игра улога и во нови протести како оние од „Арапската пролет“, некои од нив мирни, некои насилни.
За 10 години, сметаат стручњаците, мрежата ќе ја погодат и злоупотреби и злоупотребувачи, како на пример во порнографијата, криминалот, насилничкото однесување.
Извештајот предупредува и дека ќе има закани по слободата на Интернетот од страна на влади и корпорации што ќе се повикаат на безбедност и културни норми.
Конечно, заклучува истражувањето на Пју и Илон, ќе продолжи ерозијата на приватноста и таа „ќе биде нешто во што само привилегираните ќе може да уживаат“.