Германија е првиот европски тим што било кога победил на Светско првенство на американскиот континентинент, поразувајќи ја Аргентина во неделното финале, во продолжение по регуларното време, со 1-0.
Јужноамерикански тимови победија на седум претходни шампионати кои се играа на американскиот континент.
Неделната победа е четврта за Германија на првенството, но прва како обединета држава. Западна Германија победи во 1954, 1974 и 1990.
Германија и Аргентина се сретнаа два пати пред тоа за титула на Светското првенство. Аргентина победи во 1986, а Германија во 1990.
Ова беше трет по ред шампионат во фудбал што се играше во дополнително време.