Линкови за пристапност

Започнаа задолжителните отсуства за Американците


Меѓу другите, намален е бројот на контролорите на летање што се очекува да резултира во одложени летови.

Американците кои патуваат со авион се подготвуваат за можни одлагања на летови во понеделник, зашто контролорите на летање започнуваат со прво во серијата отсуства кои резултираат од намалувањето на трошоците на американската влада.

Задолжителните отсуства влегоа во сила официјално во недела, но вистинскиот тест за како тоа ќе се одрази е во понеделник, првиот ден на работната недела.

Во неделата, патниците известија за некои одлагања на њујоршките аеродроми и во Лос Анџелес.

Официјалните лица беа принудени да го намалат бројот на контролори на летање во смените, што повлекува намалување на бројот на авиони што ќе можат да бидат во воздух во исто време.

Намалувања има и во други области во надеж дека тоа ќе заштеди во буџетот околу 637 милиони долари
XS
SM
MD
LG