Претседателот Барак Обама заедно со бројни шефови на држави и влади, присуствува на погребот на поранешниот израелски премиер, Шимон Перес, кој почина во средата на 93-годишна возраст.
Меѓу присутните беше и палестинскиот претседател Махмуд Абас, а како што изјави виш палестински претставник, Абас се надева дека, цитираме, ќе испрати силна порака до израелската јавност дека Палестинците се за мир и дека ги почитуваат напорите на мирољубивиот човек каков што беше Шимон Перес.
Обама ја предводеше американската делегација од 32-ца претставници меѓу кои и поранешниот претседател Бил Клинтон, државниот секретар Џон Кери, како и сенатори и конгресмени.