Линкови за пристапност

Круз, кој уби 17 лица во Флорида, имал обука за пукање во училиште


Тој бил член на Воена програма за тренинг на млади резервни офицери, спонзорирана од Одделот за одбрана на САД

Осомничениот 19-годишен Николас Круз, кој уби 17 лица во средното училиште во Флорида минатиот месец, учествувал во училишна програма, која опфаќала обука за стекнување вештини во пукање.

Тој бил член на Воена програма за тренинг на млади резервни офицери, спонзорирана од Одделот за одбрана на САД.

Во неа учествуваат 314.000 средношколци, наречени кадети. Обуката ја вршат сили на Армијата на САД, а членовите носат воени униформи.

Одделот за одбрана на САД ја опишува програмата како можност за развој на лидерските вештини на средношколците.

Таа опфаќа активности, како дисциплина, физичка активност и општествена служба. Членовите, исто така, можат да добиваат обука за безбедност од оружје и пукање.

Некои ученици се приклучуваат на програмата за да се подготват за воена служба по завршување на средното училиште.

Три од жртвите во Паркленд, Флорида биле членови на оваа програма.

Поранешен кадет на програмата, за Асошиетед прес, ги објаснува натпреварите со Николас Круз.

„Тој беше многу добар во пукање“, изјавил 20-годишниот Арон Дајнер, кој заедно со Круз учествувал во четиричлениот тим во 2016-та година.

Националната асоцијација за оружје финансира одредени школи, кои имаат вакви програми.

Неодамнешна истрага на Асошиетед прес открива дека Националната асоцијација за оружје обезбедила повеќе од 7.3 милиони грантови за стотици училишта во САД, во периодот од 2010-та до 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG