Линкови за пристапност

Рекордни суми потрошени за изборите во САД


Рекордни суми потрошени за изборите во САД
Рекордни суми потрошени за изборите во САД

Cумата потрошена од кандидатите, политичките партии и независни групи ќе биде за една милијарда повеќе од претходниот рекорд поставен во 2006

Нов извештај вели дека парите потрошени во кампањата за американските конгресни избори годинава би можеле да се приближат на четири милијарди, што е рекорд за гласање во делумни избори.

Студијата, од непартискиот Центар за одговорна политика, вели дека сумата потрошена од кандидатите, политичките партии и независни групи ќе биде за една милијарда повеќе од претходниот рекорд поставен во 2006.

Групата зголемувањето го припишува на два големи фактори – голем број конкурентни трки и неодамнешната одлука на федерален суд што дозволува корпорациите и организациите да потрошат колку што сакаат на политички пораки.

Според студијата, трошењето било речиси еднакво меѓу републиканците и демократите. Но, се вели дека републиканците, малцинската партија во Конгресот, повеќе искористила од финансирањето од надворешни групи.

Последни анкети покажуваат дека републиканците имаат предиспозиција за преземање на контролата во Претставничкиот дом. Тие исто така очекуваат големи добивки во Сенатот.

На избор се сите 435 места во Претставничкиот дом и 37 од сто места во Сенатот, за кои ќе се одлучи на 2 ноември.

XS
SM
MD
LG