Линкови за пристапност

Фридман почестен заради афирмација на македонскиот јазик во светот


Фридман вели дека македонскиот јазик постоел и ќе постои и оти тоа е реалноста.  
Фридман вели дека македонскиот јазик постоел и ќе постои и оти тоа е реалноста.  

Во куќата на Уранија во Охрид, на еден од најпознатите американски и светски слависти, но и македонски лингвист, Виктор Фридман, од Универзитетот во Чикаго, му беше доделена светската награда за хуманизам, а нему доделена поради трудот за поставување на македонскиот јазик на светската лингвистичка мапа.

Фридман вели дека македонскиот јазик постоел и ќе постои и оти тоа е реалноста.

Скандинавците се многу понапред од Бугарите. Мислам дека Европа треба да стави крај на сето ова.
Виктор Фридман, лингвист.

„Важно е дека македонскиот јазик постои и ќе постои. Јасно е дека македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво. Има сличности, секако. На пример, Швеѓаните и Норвежаните можат да се разбираат, но никој не кажува дека норвешкиот е шведски дијалект или обратно. Скандинавците се многу понапред од Бугарите. Мислам дека Европа треба да стави крај на сето ова. Има една песна за Европа со придавка “Вавилонска“... Европа треба да биде цврста и да има принципи“, рече Фридман по доделувањето на наградата.

Инаку наградата годинава беше доделена по 16-ти пат од страна на Охридската академија на хуманизмот. Таа се доделува на истакнати личност од различни области.

XS
SM
MD
LG