Линкови за пристапност

Кои држави се најголеми непочитувачи на човековите права?


Кои држави се најголеми непочитувачи на човековите права?
Кои држави се најголеми непочитувачи на човековите права?

Независната организација Фридом хаус, именува 17 држави и три територии како „најрепресивни општества“. На врв на листата се Бурма, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Либија, Северна Кореја и Судан.

Државите на листата се оние кои добија најниски оценки за политичките права и граѓански слободи. Извештајот забележува дека, за жал, истите држави се појавуваат како најголеми прекршувачи на чивекови права од година во година.

Сирија, Сомалија, Туркменистан, Либија, Куба и Саудиска Арабија се места каде луѓето трпат најтешки, систематски прекршувања на човековите права на планетава.

Директорката во Фридом Хаус, Пола Шрајфер, вели дека е задоволна што Советот за човекови права на ОН станува поактивен во прозивањето на овие земји.

Во последниве неколку месеци, забележува таа, Бурма, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Северна Кореја беа фокус на резолуции или специјални сесии на Советот.

Но, таа вели дека Фридом хаус жали што Советот се колеба да оди по помоќните држави на листата на групата, како што е Кина.

Седум африкански држави фигурираат меѓу најголемите прекршувачи во светот.

Фридом хаус известува дека имало во целина опаѓање на глобалното почитување на вредностите на либералната демократија во последниве пет години. Нови закани се појавиле во речиси сите региони во светот.

Тука се вклучени засилени напади на бранители на човекови права и припадници на граѓанското општество, зголемени се ограничувањата на слободата на печатот и нападите врз новинари.

XS
SM
MD
LG