Линкови за пристапност

Фридом хаус: Пад на демократијата во Македонија


Надолен тренд и во повеќето земји во Централна и Источна Европа

Македонија е во група на земји со транзициски влади или хибридни режими односно со Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Украина и Романија стои во последниот извештај на Фридом хаус - „Земји во транзиција 2017“, објавен денеска.

„Политичката поларизација меѓу владата и опозицијата стана поизразена откако владејачката политичка елита се бори да остане на власт. Дејствијата на владејачката партија и политичката клима во целост гo спречуваат спроведувањето на итните демократски приоритети барани од страна на ЕУ. Потребни се значителни реформи за да се врати земјата назад на патот на демократизацијата“, се вели во извештајот.

Фридом хаус вели демократијата опаднала и во повеќе од половина од 29 земји од Централна и Источна Европа, Балканот и Евроазија опфатени со истражувањето.

Ова е втор најголем пад во 22-годишната историја на извештајот, и се должи на порастот на популизмот во регионот, каде што лидерите отворено ја напаѓаат либералната демократија.

Според извештајот на Фридом хаус, Унгарија со која раководи Виктор Орбан, сега има најнизок ранг во Централна Европа, каде што во неделата имаше продемократски демонстрации. Фридом хаус го критикува и лидерот на Полска за напад врз Уставниот суд и поткопување на системот на проверка на владеењето.

Русија е рангирана речиси на дното на истражувањето – но извештајот признава дека развиеното граѓанско општество во земјата продолжува да опстојува и покрај напорите да биде потиснато заедно со неколку независни медиуми.

На Балканот, демократијата опаднала во четири земји, вклучувајќи ги Македонија и Србија, додека во две бележи подобрување.

Фридом хаус укажува на Украина, Романија и Косово како на позитивни примери, пред се заради спроведувањето на структурни реформи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG