Линкови за пристапност

Фридом хаус: Индексот на слободи на Северна Македонија годинава подобрен за четири поени


Северна Македонија во изминатата година забележа напредок во политичките права и граѓанските слободи, покажува најновиот извештај на американската невладина организација „Фридом хаус“ за слободата во светот во 2020 година.

„Многу сме охрабрени од тоа што генерално го видовме во Северна Македонија оваа година. Индексот на слободи е подобрен за 4 поени. Подобрувања имаше кај изборот на новиот претседател. Изборите во голема мера беа слободни и фер за разлика од претходни избори за таа позиција. Покрај тоа, минатата година имаше одредени политички тензии, но владеачката партија не ги презеде истите мерки кои што претходната власт ги презеде кога дојде до супресија на опозицијата“, изјави за Гласот на Америка, Ноа Бајан, координатор за Европа и Евроазија во „Фридом хаус“.

Подобрувања се констатирани и кај слободата на медиумите и стабилноста на државата. „Исто така сметаме дека слободата на медиумите е подобрена. Воедно, стабилноста на државата е подобрена од крвавиот напад во Собранието во 2017 година кога политичари беа тепани и затоа што нема примери на политичко насилство сметаме дека ситуацијата е значајно подобрена“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG