Линкови за пристапност

Фрчкоски поднесе оставка, премиерот најавува нови смени на амбасадори во дипломатската мрежа


Фрчкоски денеска порача дека очекува претседателката да ја усвои неговата оставка од функцијата амбасадор во Обединетите нации и со указ да го разреши од функцијата
Фрчкоски денеска порача дека очекува претседателката да ја усвои неговата оставка од функцијата амбасадор во Обединетите нации и со указ да го разреши од функцијата

Љубомир Фрчкоски стави крај на неговата дипломатска кариера – поднесе оставка од функцијата амбасадор во Обединетите нации.

За ова ја информирал и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од чиј кабинет потврдија дека ја добиле писмената оставка на Фрчкоски.

Тој за ова го известил и Министерството за надворешни работи (МНР) со чие ново раководство влезе во отворен конфликт и јавна преписка по одлуката на министерот да го повика на консулатции во Скопје поради, како што беше соопштено, финансиски неправилности утврдени во работата на Фрчкоски во мисијата во Њујорк.

Самиот Фрчкоски денеска порача дека очекува претседателката да ја усвои неговата оставка и со указ да го разреши од функцијата.

Фрчкоски поднесе оставка од функцијата амбасадор во ОН
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Дека ќе повлече ваков чекор, Фрчкоски најави уште минатиот месец и со ова тој го испревари МНР, каде во наредниот период ќе требаше да образложува за неговата работа во Њујорк каде, како амбасадор, замина во 2022 во времето на претходната влада.

Дали владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, чија кадар е на чело на МНР, има идеја кој би го наследил Фрчкоски во Постојната мисија при ОН во Њујорк?

„Започнати се консултации за повеќе амбасадорски позиции и ќе бидете информирани во наредниот период“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот, надоврзувајќи се на изјавата на шефот на дипломатијата Муцунски дека не е задоволен од актуелната дипломатска мрежа, најавува дека ќе има промени.

„Да ви дадм еден пример и се ќе ви стане јасно. Во амбасадата во САД, нашиот стратешки партнер, има двајца вработени, а во мисијата на ОБСЕ има 12. Сега се поставува прашањето зашто е тоа така, ако сме стратешки партенр со САД не треба само да мавтаме со знамиња, туку тоа треба да го покажеме и на дело. Но, некој ја приватизирал и партизирал таа институција и таа се ослободува наскоро многу работи ќе излезат на виделина“, рече Мицкоски.

Фрчкоски не беше единствениот што беше повикан во Скопје од новото раководство во МНР.

На разговори во централата беа и амбасадорите во Тирана, Рим, и Букурешт Данчо Марковски, Весел Мемеди и Андреј Жерносвки.

Марковски поради резултатите од пописот во Албанија кој покажа дека бугарската пропаганда во македонската заедница е ефикасна, Мемеди зашто самоиницијативно ги информирал италијанските власти дека пасошите со старото уставно име веќе не важат, а Жерновски поради постоење сериозни индиции за формално-правниот аспект на неговото стапување на функцијата.

Засега, само за Марковски е утврдено дека нема вина, додека за другите постапките траат.

XS
SM
MD
LG