Линкови за пристапност

Сенаторот Ал Франкен најави оставка на функцијата


Демократскиот сенатор Минесота, кажа дека ќе се повлече од позицијата во наредните две недели. Ова се случува по низа сексуални обвинувања против него

Американскиот сенатор од редовите на Демократската партија, Ал Франкен, денеска од говорницата сопшти дека ќе поднесе оставка од функцијата, по обвинувањата за секусално вознемирување на многу жени, со години наназад.

Многумина од неговите сопартијци, претходно рекоа дека е време тој да се повлече.

„Се надевам дека ќе ја направи вистинската работа, и ќе се повлече настрана“, изјави демократскиот сенатор од Хаваи, Мејзи Хироно.

Сенаторот од Орегон Џеф Мркли, вели дека се работи за сериозни обвинувања, и оти е најдобро тој да отстапи.

Барањата за негова оставка уследија откако 88-годишниот демократски конгресмен Џон Конјерс, се повлече по сексуалните обвинувања против него.

Сексуални обвинувања со недели ги тресат САД, вклучувајќи влијателни мажи во светот на политиката, бизнисот, забавниот сектор и во медиумите. Тие ги загубија работните места, откако многу жени обелоденија детали за тоа како биле злоупотребени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG