Линкови за пристапност

Францускиот претседател Макрон ќе ја посети Нова Каледонија погодена од насилство


Патувањето на Емануел Макрон доаѓа една недела откако избувнаа смртоносни немири поради контроверзниот предлог-закон воведен во францускиот законодавен дом за промена на правилата за изборна подобност на архипелагот.
Патувањето на Емануел Макрон доаѓа една недела откако избувнаа смртоносни немири поради контроверзниот предлог-закон воведен во францускиот законодавен дом за промена на правилата за изборна подобност на архипелагот.

Портпаролката на француската влада изјави дека претседателот Емануел Макрон ќе отпатува на територијата на Тихиот Океан, Нова Каледонија, погодена од насилство подоцна во вторник.

Патувањето на Макрон на архипелагот контролиран од Франција доаѓа една недела откако избија смртоносни немири поради предлог-законот воведен во францускиот парламент кој ќе им овозможи на жителите родени во Франција кои живеат во Нова Каледонија 10 години, да гласаат на локалните избори. Лидерите на движењето за независност на островот велат дека мерката ќе ја намали гласачката моќ на домородниот народ Канак, кој страдаше под децениска дискриминација.

Најмалку шест лица се убиени, а стотици други се ранети во насилството. Голем број домови и деловни објекти се ограбени и запалени во главниот град Нумеа, поради што властите воведоа полициски час од самрак до зори и забрана за јавни собири. Насилството, исто така, доведе до затворање на училишта и бизниси, како и на аеродромот на островот, поради што илјадници туристи не можеа да заминат.

Групи демонстранти од Канак поставија блокади што водат во и надвор од Нумеа, што спречи испорака на храна и лекови за граѓаните и туристите заробени во нивните домови и одморалишта.

Слоган кој се однесува на француската лојалистка претседателка на јужната провинција Сониа Бакес е виден на барикада откако е напуштена во Нумеа, француската пацифичка територија на Нова Каледонија, 20 мај 2024 година.
Слоган кој се однесува на француската лојалистка претседателка на јужната провинција Сониа Бакес е виден на барикада откако е напуштена во Нумеа, француската пацифичка територија на Нова Каледонија, 20 мај 2024 година.

Австралија и Нов Зеланд почнаа да испраќаат авиони во Нумеа за да ги евакуираат своите заглавени граѓани од проблематичниот остров.

Првиот од двата австралиски воени транспортни авиони пристигна на аеродромот за да започне со евакуација на 300 австралиски туристи.

Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, доцна во понеделникот на платформата за социјалните медиуми X објави дека Канбера е одобрена од Франција за „два лета со помош на владата“ за евакуација на Австралијците и другите туристи од архипелагот. Вонг додаде дека на патниците им се дава приоритет според потребата и дека владата „ќе продолжи да работи на понатамошни летови“.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, рече дека тамошната влада испраќа авион во Нумеа за да евакуира 50 нејзини државјани. Питерс призна дека Новозеланѓаните во Нова Каледонија „се соочија со предизвикувачки неколку дена“ и дека нивното враќање дома „било итен приоритет“ за Велингтон.

Франција распореди повеќе од 1.000 безбедносни лица за да помогне во прекинот на немирите, а стотици други треба да пристигнат во вторник.

Уапсени се најмалку 270 лица.

Франција се согласи во 1998 година да и даде на Нова Каледонија поголема политичка моќ и автономија и да одржи три референдуми за статусот на островот. Гласачите ја отфрлија независноста на сите три референдуми.

Француското Национално собрание ја одобри контроверзната мерка минатата недела со гласови од 351 против 153. Предлог-законот сепак треба да биде одобрен на посебна седница на двата дома на парламентот следниот месец.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG