Линкови за пристапност

Франција загуби речиси 1.000 хектари во шумски пожар


Француските пожарникари се обидуваат да го изгаснат големиот пожар што избувна на јужната граница на земјата со Шпанија. Ова е првиот голем шумски пожар во Франција оваа сезона.

„Жалиме за загубата на речиси 1.000 хектари“, рече министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин. Пожарот е ставен под контрола, но не е целосно изгаснат, додаде министерот.

Дарманин предупреди дека ова лето ќе биде „исклучително тешко“ поради сувата зима во јужна Европа. Тој рече дека очекува пожарите да бидат „тешки како летото 2022 година“, кога во Европа беа десеткувани 785.000 хектари.

Франција распореди околу 500 пожарникари за пожарот на границата со Шпанија.

XS
SM
MD
LG