Линкови за пристапност

Франција се обидува да ја смири топката по коментарите на Макрон дека Европа треба да ја намали зависноста од САД


Франција се обидува да ги ограничи дипломатските последици откако претседателот Емануел Макрон рече дека Европа треба да ја намали својата зависност од САД и да избегнува кризи кои не се нивни, по државната посета на Кина на почетокот од овој месец. Критичарите велат дека неговите забелешки ги поткопуваат трансатлантските односи во време на опасни геополитички тензии.

Макрон отпатува во Пекинг од 5 до 8 април, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, делумно за да побара помош од Кина за ставање крај на руската инвазија на Украина. Тие беа придружувани од десетици европски бизнис лидери, кои потпишаа серија комерцијални договори за време на посетата.

Досега, Кина одбиваше да ја осуди руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Претседателот Шји Џјинпинг повторно се воздржа од критикување на Москва за време на посетата на Макрон. Сепак, Макрон подоцна напиша на Твитер: „Да живее пријателството меѓу Кина и Франција!“

Во официјалното соопштение, Кина ја опиша посетата како „успешна и плодна“.

Пекинг по посетата на Макрон вети дека нема да испраќа никакво оружје во Русија. „Кина нема да обезбедува оружје за релевантните страни во конфликтот и ќе управува и ќе го контролира извозот на добра за двојна употреба во согласност со законите и прописите“, рече кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на прес-конференција на 14 април, заедно со германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок.

Фокус на Тајван

Само два дена по посетата на Макрон и фон дер Лајен на Пекинг, кинеската војска спроведе воени вежби околу Тајван, за кој Пекинг тврди дека е дел од неговата територија.

За време на летот назад за Париз, Макрон даде интервјуа за новинарите од Политико, во кои, наводно, рекол дека големиот ризик со кој се соочува Европа е тоа што „се заглавува во кризи кои не се наши, што ја спречува да ја изгради својата стратешка автономија.“

На прашањето што Европејците треба да направат... и дали е во наш интерес да се вклучиме во кризата на Тајван?, Макрон одговорил: -Не. „Најлошото нешто би било да мислиме дека ние Европејците мора да станеме следбеници на оваа тема околу американската агенда и кинеската претерана реакција“, изјави Макрон за Политико.

Макрон беше испрашуван за неговите изјави за време на посетата на Хаг на 12 април.

„Франција е за статус кво во Тајван. Франција ја поддржува политиката „Една Кина“ и потрагата по мирно решавање на ситуацијата. Ова е, згора на тоа, ставот на Европејците и тоа е позиција која отсекогаш била компатибилна со улогата на сојузник“, изјави Макрон за новинарите.

„Но, токму тука инсистирам на важноста на стратешката автономија. Да се биде сојузник не значи да се биде вазал. Не е така затоа што сме сојузници, затоа што заедно ги правиме работите што ќе ги решиме и немаме веќе право да размислуваме сами“, додаде тој.

Тајмингот е доведен во прашање

Тајмингот на Макрон беше немудар, вели Жерар Ао, поранешен француски амбасадор во Соединетите држави и Обединетите нации, а сега аналитичар во Атлантскиот совет.

„Во моментов се бориме - сите заедно, со Американците - се бориме против руската агресија во Украина. Јас навистина разбирам дека за многу наши партнери, искрено кажано, не беше вистинскиот момент да се покрене прашањето за нашиот трансатлантски сојуз“, изјави Арауд за Гласот на Америка во интервју на 18 април.

Други стравуваат дека последиците би можеле да бидат поштетни, бидејќи коментарите на Макрон ја поткопуваат трансатлантската алијанса исто како што Западот се обидува да се спротивстави на руската агресија и да се спротивстави на се понаметливата Кина.

„Начинот на кој Макрон го врами звучеше како да е проект на еквидистанца - на некако иста дистанца до Соединетите држави и до Кина. И, исто така, создаде впечаток дека САД се тие што туркаат конфронтација, а не Кина. Повратните информации од Кина беа многу позитивни, бидејќи го потврдија мислењето на Кинезите дека е можно да се стави клин меѓу Соединетите Држави и Европа“, рече Лијана Фикс, соработник на Советот за надворешни односи во Вашингтон.

„Од перспектива на централните и источните Европејци, овие забелешки во основа ги потврдија нивните најфундаментални стравови: дека ветувањето на Макрон за европска стратешка автономија или поголема независност е само залог за поголема француска моќ во Европа или одвојување од Соединетите Држави“, изјави Фикс за Гласот на Америка на 17 април.

Изборите во САД

САД треба да одржат претседателски избори во 2024 година. Тоа би можело да доведе до нова администрација која е помалку заинтересирана од Џо Бајден да троши пари за вооружување на Украина или за одбрана на Европа, рече Жерар Ао, поранешен француски амбасадор во САД.

„Во моментов, се додека американската администрација силно ја поддржува одбраната на Европа, нема да има прашање за стратешка автономија на европската одбрана. Ако Доналд Трамп биде избран за претседател, мислам дека дебатата повторно би се отворила. Европејците кои сакаат да спијат под американското знаме ќе бидат обврзани да се разбудат“.

XS
SM
MD
LG