Линкови за пристапност

Франција ќе ги евакуира граѓаните од Нигер


Воената хунта го собори нигерискиот претседател минатата недела
Воената хунта го собори нигерискиот претседател минатата недела

Франција соопшти дека во вторник ќе започне со напори за евакуација од Нигер за своите граѓани и граѓани од други европски нации, речиси една недела откако воената хунта ја презеде власта.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за евакуација е поттикната од насилството врз француската амбасада во Ниамеј и затворањето на воздушниот простор на Нигер. Министерството соопшти дека француските граѓани не можат сами да ја напуштат земјата.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во вторникот на социјалните мрежи изјави дека Италија, исто така, им нуди на своите граѓани во Нијамеј специјален лет за евакуација.

Регионалниот блок ЕКОВАС воведе санкции против водачите на пучистите и рече дека би можел да употреби сила за да го врати претседателот Мохамед Базум доколку тој не биде вратен на власт.

Соединетите држави и Европската унија, исто така, повикаа владата на Базум веднаш да биде вратена на функција.

Буркина Фасо и Мали, два од соседите на Нигер кои работат под воените влади, во понеделникот издадоа заедничка изјава во која се вели дека секоја воена акција против Нигер ќе се смета за „објавување војна против Буркина Фасо и Мали“.

Гвинеја, друга соседна земја предводена од хунтата, го изрази своето противење на санкциите на ЕКОВАС и можноста за воена интервенција.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс – прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG