Линкови за пристапност

Трамп - почесен гостин на прославата на Денот на Бастилја


За Макрон ова беше шанса да покаже дека САД се важни

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше почесен гостин на прославата на Денот на Бастилја, настан во кој учествуваа воени оркестри, надлетуваа американски воени авиони и се одржа парада за одбележување на стогодишнината од влегувањето на САД во Првата светска војна.

Американското и француското знаме се вееја на Шанзелизе во Париз, каде што американските војници на парада маршираа заедно со илјадници француски војници, тенкови, ракетни фрлачи и оклопни возила.

Повеќе од 3.500 полицајци беа распоредени по должината на рутата на парадата, за да спречат можен терористички напад.

„Ние, пронајдовме сигурни сојузници, пријатели, кои дојдоа да ни помогнат“, рече Макрон. „Соединетите Американски Држави се меѓу нив, и тоа е причината зошто ништо не може да нè раздели, никогаш“. Денешното присуство на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга е знак на истрајното пријателство,“ додаде францускиот претседател.

Претседателот Трамп и првата дама Меланија Трамп потоа заминаа до аеродромот Орли, од каде што се упатија до нивната следна станица во Њу Џерси.

Прославата во Париз се случува на една година по нападот со камион во медитеранскиот град Ница, во кој загинаа 86 лица. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

Борбата против тероризмот беше централна тема на вчерашната средба на Трамп со Макрон, а разговорите исто така беа одбележани со разлики, вклучително и прашањата за климатските промени и трговијата.

Француските и другите западно-европски лидери се вознемирени од она на што тие гледаат како изолационистички и протекционистички тенденции на Трамп. Напорите на Макрон се во правец на подобрување на перспективите и истакнувањето на заедничкото со американската администрација. Борбата против тероризмот беше на врвот на агендата.

По разговорите во четвртокот, францускиот лидер рече дека вистинскиот одговор на тероризмот е зајакнување на соработката меѓу двете земји за одржување на „бесконечната борба против терористите, без разлика каде се наоѓаат.“

„Во тој поглед“, рече Макрон,“ нема разлика и нема јаз меѓу француските и американските позиции“.

Присуството на претседателот Трамп како почесен гостин на комеморацијата на Националниот ден на Франција има длабоко симболичен значење и покажува дека Франција и Европа бараат заеднички ангажман со САД, како никогаш досега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG