Линкови за пристапност

Оланд: Франција е во војна со терористите


Францускиот лидер се залага за за формирање на голема коалиција за да се справи со милитантите на ИД

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека неговата земја е во војна со тероризмот на организацијата Исламска држава и се залага за формирање на голема коалиција за да се справи со милитантите.

Тој ова го изјави кусо време по седумчасовната полициска рација во предградие на Париз, при што биле убиени две лица, а седуммина уапсени. Се` ште не е позната судбината на осомничениот осмислувач на петочните напади во францскиот главен град.

Според официјални претставници, полицијата трага по Абделхамид Абауд, Белгиец со мароканско потекло, но е потврдено дали тој всушност бил на конкретната локација.

Јавниот обвнител на Париз, Франсоа Молинс, соопшти дека властите работат на верификација на идентитетот на инволвираните. Неговата канцеларија претходно издаде соопштение во кое се вели дека меѓу загинатите во најновата рација се наоѓа жена, која се разнела себеси. Во акцијата биле повредени тројца полицајци.

Властите воедно трагаат по други осомничени поврзани со нападите од 13-ти ноември, во коишто загинаа 129 лица, а преку 300 други беа повредени. Тројца владини претставници, кои побараа да останат анонимни, рекоа дека по анализата на петочните напади, едно лице, директно вмешано во нападите, се води за исчезнато.

Властите додадоа дека не е познат идентитетот на ова лице. Француските и белгиски надлежни органи издадоа потерница по уште едно лице, Салах Абдеслам, родум од Белгија, чијшто брат бил меѓу напаѓачите.

Таа ноќ загинале седум напаѓачи, тројца во близина на националниот стадиум, тројца во концертната сала Батаклан и еден во околниот ресторан.

XS
SM
MD
LG