Линкови за пристапност

Церемонии во Франција и Израел за жртвите на терористичкиот напад


Францускиот претседател во Париз и израелскиот премиер во Ерусалим говореа за тероризмот како непријател на целото човештво.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пофално зборуваше за полицајците убиени во минатонеделниот терористички напад во Париз велејќи дека тие ги жртвувале своите животи „за ние да може да живееме во слобода“.

Оланд зборуваше во вторник на церемонија на која постхумно им беше доделена награда на Легијата на честа. Церемонијата се одржа во седиштето централната полиција во Париз, близу до славната катедрала Нотердам.

Во Ерусалим, речиси во исто време во вторник, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху на ужалените на закопот на четворицата Евреи од истиот инцидент, им порача дека тероризмот не е само непријател на еврејскиот народ, туку на целото човештво. Тој кажа дека е време луѓето од сите култури да се обединат и да се ослободат од такви радикални елементи.

Нападот во супермаркетот се случи два дена откако екстремисти убија 12 лица во канцелариите на сатиричниот магазин Шарли ебдо.

Издавачите велат дека пророкот Мухамед ќе биде на насловната страница на следното издание, што излегува од печат во среда.Планирано е тиражот да биде три милиони копии. Вообичаено весникот се печати во 600.000 копии.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оваа фотографија може да биде навредлива за некои посетители на нашата Интернет страница. Ако сакате да ја видите, ве молиме притиснете овде

XS
SM
MD
LG