Линкови за пристапност

Франција ќе започне набљудувачки летови над Сирија


Доколку се приклучи во борбени активности, Франција би била првата западна земја освен САД којашто ќе учествува во бомбардирање на цели во Сирија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека Франција ќе отпочне набљудувачки летови над Сирија пред евентуално да се придружи на коалицијата под водство на САД којашто врши воздушни напади врз милитантите на Исламската држава во оваа земја.

Француските бомбардери учествуваа во воздушни напади што целат на милитантите во Ирак, но со најновиот чекор Франција би била првата западна земја освен САД која ќе учествува во бомбардирање на цели во Сирија.

Оланд воедно стави јасно на знаење дека не планира испраќање на француски копнени трупи во Сирија каде владините трупи, бунтовничките борци, силите поврзани со Ал Каида и милитантите на Исламската држава се борат за освојување поголема територија.

XS
SM
MD
LG