Линкови за пристапност

Божиќниот пазар во Стразбур денес отворен повторно


Истражителите работат да откријат зошто Чериф Чекат уби тројца, а повреди 13 други во вторникот оваа недела

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер кажа дека Божиќниот пазар во Стразбур денес ќе биде отворен повторно, откако беше затворен по смртоносниот напад неделава.

Кастанер вели дека истражителите работат да откријат зошто Чериф Чекат уби тројца, а повреди 13 други.

„Засега не постојат индикации за соработка со други, но, истрагата продолжува. Ќе трае се` додека не се открие целата вистина , и додека целосно не се обезбеди сигурноста на францускиот народ“, рече Кастанер.

Полицијата вчера го застрела и уби Чекат во околината на Стразбур, по интензивна потрага.

Исламската држава, на Твитер вчера објави дека презема одговорност за нападот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG