Во тек е голема потера по лицето кое уби тројца и повреди 13 други на Божиќен пазар во центарот на Стразбур, Франција.
Француските официјални лица распоредија стотици безбедносни сили во потрага по осомничениот кој вчера избега од пазарот, кусо по пукањето.
Франција соопшти дека безбедносната закана за државата е зголемена, и ги засили граничните контроли.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер отпатува во Стразбур да отвори истрага за терористички напад, иако мотивот на лицето што пукаше се` уште не е познат.
Властите го идентификуваа 29-годишниот Чериф Чекат како осмничен за нападот, и соопшти дека тој бил на листата на сомнителни ектремисти.
Полицијата вчера отиде во неговиот дом, но, тој не бил пронајден таму.
Страсбург е седиште на Европскиот парламент, кој привремено беше затворен, како последица на пукањето.
Facebook Forum