Линкови за пристапност

Франција ги отвори училиштата


Наставата продолжува со социјално дистанцирање

Милиони француски ученици се вратија на училиште во вторникот според новите безбедносни прописи, и покрај неодамнешниот пораст на бројот на вирусни инфекции, во експеримент на ниво на целата држава, насочен кон премостување на нееднаквоста и заживување на економијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон преку социјалните мрежи ги повика луѓето да носат маски. Во видео на Инстаграм, насочено кон повеќе од 12 милиони ученици во Франција, кои одат кон училиште, Макрон додека носеше маска рече: „Вирусот е сè уште тука и мора да се заштитите“.

На Твитер, Макрон напиша: „Предизвиците на оваа нова учебна година се многубројни, но конечно сите сме заедно! Дозволете ни да ја покажеме истата одговорност како и последните месеци. Добредојдовте!“

Потребно е да се носат маски во текот на целиот училишен ден - вклучително и на паузите и часови по музика - за сите ученици над 11 години, и за сите наставници и училишниот персонал. Пунктовите за миење раце и социјалното растојание исто така се дел од новата рутина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG