Линкови за пристапност

650.000 луѓе маршираа во Париз против пензиските реформи


Стотици илјади работници во јавниот сектор вчера маршираа по улиците на Париз и другите големи француски градови на 13-тиот ден од протестите против плановите на претседателот Емануел Макрон за реформа на националниот пензиски систем.

Работниците кои припаѓаат на левичарскиот синдикат ЦГТ ја исклучија електричната енергија во речиси 100.000 домови и канцеларии во неколку градови. Работниците во Ајфеловата кула ја напуштија работата, оставајќи ја туристичката атракција недостапна за посетителите. Болнички работници, правници, наставници, па дури и членови на Париската опера, се придружија на штрајковите што предизвика вистински застој во Франција.

Министерството за внатрешни работи проценува дека во Париз марширале околу 650.000 луѓе.

Администрацијата на Макрон се обидува повеќе од 40 пензиски модели во земјата да ги обедини во единствен универзален систем за сите.

Реформите вклучуваат зголемување на возрасната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Пензиите би се засновале на заработката во текот на целата кариера на работниците, наспроти сегашниот систем во кој основа за пензиите е нивниот најголем приход.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG