Втор ден протести во Франција против најавените пензиски реформи. Десетици илјади работници излегоа на улиците да протестираат против плановите на претседателот Емануел Макрон да го промени пензискиот систем.
Штрајкот го блокираше сообраќајот, многу училишта беа принудени да ја откажат наставата, а некои болници останаа без доволно персонал.
Протестите во Париз генерално беа мирни, иако во источниот дел на градот илјадници луѓе запалија оган на градежна локација, каде полицијата интервенираше со солзавец.
Синдикалните организации најавија дека ќе продолжат со протестите додека Макрон не се откаже од плановите кои, според нив, ќе доведат работниците да работат подолго.
Кабинетот на Макрон најави дека следната недели ќе ги соопшти деталите за планираните реформи.
Facebook Forum