Линкови за пристапност

Франција штрајкува против плановите на Макрон за промена на пензискиот систем


Протестите почнaa денес и се очекува да ја блокираат државата

Почна штрајк низ цела Франција. Француските синдикати за работнички права повикаа на излезност против плановите на претседателот Емануел Макрон да го промени пензискиот систем.

Поради протестите, полицијата во Париз нареди сите продавници и ресторани каде ќе се протестира да бидат затворени во текот на денот.

Според информациите, откажани се многу хотелски резервации, поголемиот дел од подземната железница ќе биде затворена, како и националните и меѓународните железнички услуги.

Се очекува да бидат афектирани и многу летови, со оглед на фактот дека многу работници задолжени за контрола на летовите најавија дека ќе се приклучат на протестите в сабота.

Учителите, поштарите и повеќето јавни службеници најавија дека ќе излезат на штрајк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG