Францускиот премиер Едуар Филип и неговата Влада, денес поднесоа оставка, по најавите на претседателот Емануел Макрон за промени во неговата администрација, со цел да ги придобие разочараните гласачи пред изборите во 2022 година, објави Ројтерс.
Макрон ја реформира неговата Влада, во време кога државата се наоѓа во најдлабока економска депресија по Втората светска војна.
„Враќањето од летните одмори ќе биде тешко, мора да се подготвиме“, рече Макрон во интервју за локалните весници.
Кабинетот на Макрон изјави дека замената на Филип ќе биде најавена во наредните часови.
Прашањата за можна оставка на Филип почнаа минатиот месец, откако Макрон објави дека сака да го реорганизира неговото претседателство, во време како државата се справува со пандемијата на коронавирусот.
„Нова фаза почнува со нови талентирани луѓе, и нови начини на водење на Владата“, изјави за Ројтерс официјално лице од претседателскиот Кабинет.
Facebook Forum