Линкови за пристапност

Спасени парчиња од наводната Христова круна од Нотр Дам


Пожарникарите работеле да спасат колку што можат повеќе уметнички дела и свети предмети од катедралата од 12 век

Експертите започнаа да вршат проценка на штетата во катедралата Нотр Дам во Париз. Портпаролот на пожарникарите во Париз, Габриел Плус, изјави дека градежни експерти и архитекти почнале „да го следат движењето на конструкцијата“.

Иако пожарот предизвика големи штети на познатата готска градба во центарот на Париз, шефот на градската противпожарна служба, Жан-Клод Галет, за новинарите соопшти дека пожарникарите ги спасиле двете историски кули и камената структура на објектот.

Пламенот, кој се на моменти се издигал и на 10 метри нагоре во воздух, уништил голем дел од покривот на катедралата и предизвикал негово распаѓање.

Портпаролот на катедралата Андре Фино за француските медиуми изјави дека целата дрвена внатрешност на катедралата веројатно е уништена.

Официјални лица во Париз рекоа дека пожарникарите работеле да спасат колку што можат повеќе уметнички дела и свети предмети од катедралата од 12 век. Парискиот заменик градоначалник Емануел Грегори рече дека парчињата на наводната Христова круна биле спасени и транспортирани до „тајна“ локација. Спасени се и дел од статуите кои биле отстранети неколку дена пред пожарот заради реставрација, заедно со други богатства од катедралата.

Иако се` уште не е јасно која е причината за избувнување на пожарот, француските медиуми јавуваат дека пожарникарите го гледаат реновирањето на катедраталата како потенцијална причина за пожарот.

Парискиот обвинител Реми Хеитз рече дека истрагата која ја вршат 50 истражители е во тек и дека таа ќе биде „долга и комплексна“. Истражителите ќе ги интервјуираат работниците од пет компании кои работеа на реставрација на катедралата пред пожарот.

Портпаролот на една од компаниите, Џулиен Ле Брас, изјавил дека „сите безбедносни мерки биле почитувани“ од неговите 12 работници за кои тој рекол дека „учествуваат во истрагата без двоумење“.

Ватикан во понеделникот објави соопштение во кое се изразува шок и тага и го нарече Нотр Дам „симбол на христијанството во Франција и во светот“. Портпаролот на Ватикан, Алесандро Гизоти, денеска во порака на Твитер соопшти дека папата Францис се моли „за оние кои се обидуваат да се справат со оваа драматична ситуација“.

Пожарот се случи за време на најсветата недела од годината за христијаните, односно на помалку од една недела пред Велигден и за време на католичките празници на Светата недела. Велигденската миса беше планирано во катедралата да се одржи во недела.

Католичката катедрала во Париз е меѓу најпосетените историски споменици во Европа. Милиони луѓе ја посетуваат секоја година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG