Линкови за пристапност

Спасени структурата на Нотр Дам и непроценливи уметнички дела

Францускиот претседател најави државна кампања за собирање донации за обнова на катедралата

Противпожарната бригада на Париз изјави дека структурата на катердралата Нотр Дам е сочувана, заедно со главните уметнички дела, откако 400 пожарникари вчера повеќе од девет часа го гасеа пожарот што предизвика огромна штета.

Спасени се двете историски кули и камената структура, додека целосно изгоре средновековниот покрив.

Градоначалничката на Париз Ан Идалго им се заблагодари на пожарникарите и полицијата за спасување на свети предмети, реликвии и главните уметнички дела во катедралата, нагласувајќи дека Нотр Дам е душата на Париз.

Двајца полицајци и еден пожарникар беа повредени за време на гасењето на пожарот.

„Најлошто е избегнато, иако битката се` уште не е целосно добиена“, рече претседателот Емануел Макрон, најавувајќи државна кампања за собирање донации за обнова на катедралата, повикувајќи ги и најголемите светски таленти да помогнат во овој напор.

Францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино кажа дека ќе донира 113 милиони долари да помогне во обновувањето, како и францускиот милијардер Бернар Арно, кој рече дека неговите семејство и компанија ќе донираат 226 милиони долари.

Иако се` уште не е јасно која е причината за избувнување на пожарот, француските медиуми јавуваат дека пожарникарите го гледаат реновирањето на катедраталата како потенцијална причина за пожарот.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG