Линкови за пристапност

Најмалку 48 имигранти притворени во Кале, Франција


Околу 100 имигранти нелегално се обиделе да се качат на ферибот за да отпатуваат за Англија

Повеќе од 100 имигранти во саботата насилно влегле во пристанишната област Кале во Франција, при што најмалку 50 од нив се обиделе да се качат на ферибот кој пристигнал од Довер, Англија.

Според официјални извори, најмалку 48 бегалци се уапсени, додека се обидувале да стигнат до Англија со враќањето на бродот. Француската новинска агенција соопшти дека се уапсени 63 лица.

Француската полиција со автобус ги одведе притворените имигранти во седиштето на полицијата во Кале.

Двајца од мигрантите паднаа во водата, но набрзо беа спасени.

Поморските службеници велат дека редовниот фериботски сообраќај бил одложен за повеќе од 12 часа додека полицијата го пребарувала бродот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG