Линкови за пристапност

Се урива бегалскиот камп „Џунгла“ во Франција


Француската влада рече дека преместувањето на бегалците се прави од хуманитарни причини

Француската полиција почна со расчистување на бегалскиот камп „Џунгла“, превезувајќи со автобуси стотици мигранти во другите приемни центри низ државата.

Акцијата опфаќа преку 8.000 мигранти од Блискиот Исток, Јужна Азија и од Африка, и се очекува да трае една недела, по што кампот ќе биде демонтиран.

Владата на Франција рече дека преместувањето на бегалците се прави од хуманитарни причини.

Претходно, неколкумина бегалци се судрија со полицијата и фрлаа камења врз безбедносните сили, во обид да изрзат револт за уривање на кампот.

На бегалците ќе им биде понудено сместување низ центрите во Франција, како и можност да побараат азил.

XS
SM
MD
LG