Линкови за пристапност

„Жолтите елеци“ го прекинаа медениот месец на Макрон


Активистите од групата „Жолти елеци“ се заканија дека следниот викенд ќе го блокираат францускиот главен град Париз во обид да го принудат претседателот Емануел Макрон да ги намали даноците на горивото. Властите се плашат дека спонтаните протести можат да прераснат во поголемо незадоволство против економските политики на францускиот претседател.

Во понеделникот, на третиот ден од протестите движењето главно составено од лица со ниски примања од мали населени места од рурална Франција и кое се именува по жолтите елеци кои возачите ги носат заради поголема видливост блокираа десетина рафинерии, складишта за гориво како и сообраќајот во неколку поголеми градови низ Франција, вклучувајќи ги Тулуз, Марсеј, Стразбур и Лил.

Засилување на новото движење

Кампањата првично имаше за цел одржување на еднодневен собир во знак на незадоволство заради т.н. „еколошки даноци“ - давачки за гориво воведени со цел да се промовираат еколошки автомобили во Франција. Активистите се организираа преку Фејсбук и други платформи на социјалните мрежи, а на улиците излегоа повеќе од 280.000 демонстранти. Сепак протестот постана бунт против Макрон кого тие го нарекуваат „претседател на богатите“ чија проевропска предизвикува незадоволство.

Досега во судирите на блокадите се повредени повеќе од 400 лица, а една жена загина откако беше прегазена. Повеќе од 300 лица се уапсени, иако некои полициски синдикати изразија сочувство со движењето и ветија дека полицајците нема да апсат за ситни прекршоци на блокадите.

Нов вид на активисти

Протестите не го следеа традиционалниот начин за организирање на кампањи во Франција каде демонстрациите и штрајковите ги организираат работничките или партиските лидери кои преговараат со владата за постигнување на евентуален договор.

Движењето на „Жолтите елеци“ е нехиерархиско, без структурирано лидерство и е засновано на популизам и десничарски идеи.

Исто така се појавија извештаи дека демонстрантите извикувале расистички и хомофобични пароли, а во близина на село во Лион нападнале советник-хомосексуалец.

Необичен лидер

Лидер на „Жолтите елеци“ елеци е Жаклин Мурауд, која на прв поглед е необичен симбол на револт. Таа е 51 годишна актерка од Бретања, која на 18 октомври објави видео порака со која го осуди претседателот Макрон за „прогонство врз возачите“. Во нејзиното видео кое брзо се прошири на интернет таа го осудува и исмева францускиот претседател.

Завршува медениот месец, започнува бурата

Појавата на движењето се совпаѓа со остриот пад на популарноста на Макрон, чиј рејтинг падна на 25 проценти, приближувајќи се до оние на неговиот претходник, Франсоа Оланд. Аналитичарите велат дека ова е опасно ниско ниво за релативно нов претседател.

Ле Пен, кој изгуби од Макрон на минатогодишните претседателски избори се надева дека ќе има корист од протестите. Неодамнешна анкета покажа дека нејзината партија води пред гласањето за европските парламентарни избори кои ќе се одржат следниот мај со 21 наспроти 19 проценти поддршка во однос на партијата на Макрон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG