Линкови за пристапност

Француски суд одби да го екстрадира Харадинај


Српските власти се обидуваат да поведат судска постапка против поранешниот премиер на Косово, за наводни злосторства поврзани со борбите на Косово во 1998-ма и 1999-та година

Францускиот суд го одби барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, за да се соочи со соочи со обвиненијата за воени злосторства.

Судот во Колмар по одлуката го пушти Харадинај на слобода.

Првично, француската полиција го приведе Харадинај на почетокот на јануари по налог за апсење издаден од страна на Србија, чекор што ги интензивираше тензиите меѓу Србија и Косово.

Српските власти се обидуваат да поведат судска постапка за наводни злосторства поврзани со борбите на Косово во 1998-ма и 1999-та година.

Харадинај по одлуката се пожали дека процесот го чинел драгоцено време.

Хашкиот суд за воени злосторства, на двапати покрена обвиненија против Харадинај, заради наводно убиство, суров третман и тортура кога бил командант во Косовската ослободителна армија. Подоцна беше ослободен од сите обвиненија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG