Линкови за пристапност

Убиените близу Париз биле мајка и сестра на напаѓачот


Исламската држава, сепак, презеде одговорност за нападот

Две лица се убиени, а едно е сериозно повредено при напад со нож, кој се случи денес во предградие западно од Париз.

Полицијата го убила напаѓачот, јави официјален претставник на локалната власт.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, во изјава дадена за новинската агенција Амак. Во изјавата се вели дека напаѓачот одговорил на повикот за напад врз цивили во земји, кои се во војна со оваа терористичка организација.

Но, извори во француската Влада велат дека убиените лица биле мајка и сестра на напаѓачот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG