Линкови за пристапност

Протестите во Франција го запреа растот на данокот на гориво


Новиот данок за гориво во Франција, кој требаше да стапи на сила на 1-ви јануари, ќе биде ставен на чекање шест месеци

Француската влада го суспендираше планираното зголемување на даноците на горивата, откако реакциите ексалираа со повеќедневни насилни протести на улиците на Париз.

Како дел од напорите во борбата со климатските промени, претседателот Емануел Макрон минатиот месец соопшти дека растот на данокот на горивата е дел од планот за премин на Франција од фосилни горива кон обновливи извори на енергија.

Како реакција на ова, голем број жители на Париз ги облекоа жолтите елеци, кои што според законот возачите се задолжени да ги носат во своите возила. Така облечени, тие ги преплавија улиците на историскиот дел од градот на 17-ти ноември за да протестираат против растот на данокот на гориво.

Протестите брзо се проширија и прераснаа во демонстрации против Макрон лично, прогласувајќи го за индиферентен кон проблемите на обичните луѓе. Демонстрациите станаа насилни откако полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои подигнаа барикади и ги соборија семафорите и сообраќајните знаци.

Оние што нанесоа штети, го оштетија имотот на францускиот народ
Едуард Филип, премиер на Франција

Премиерот Едуард Филип, во вторникот во обраќање до нацијата преку телевизија, соопшти дека новиот данок за гориво, кој требаше да стапи на сила на 1-ви јануари, ќе биде ставен на чекање шест месеци.

Но, тој исто така, упати предупредување до протестантите: „За владата се неприфатливи актите на насилство од минатата сабота врз полицијата, националните споменици, јавните згради и продавниците. Оние што нанесоа штети, го оштетија имотот на францускиот народ. Поправките и финансиските издатоци ќе се платат со средства од даноците кои ги плаќа францускиот народ. Да бидам појасен: ги следиме оние кои што се одговорни за овие дела и тие ќе бидат казнети. Ако во сабота се организира нов протест тој мора да биде одобрен и мора да се одвива мирно. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни мерки за спроведување на законот и редот.“

Стотици луѓе беа уапсени низ целата држава, а исто толку беа повредени во протестите.

Сцените со светски познатата Триумфална капија обвиена во чад, ги разбуди сеќавањата на граѓанските немири во 1968 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG