Линкови за пристапност

Ле Пен очекува десницата да победи на изборите за Европскиот парламент


Лидерката на екстремно десничарската француска партија Национален фронт вели дека европските популистички партии ќе ги добијат изборите. Со неа се согласуваат и некои експерти.

Марин Ле Пен во интервјуто за Гласот на Америка кажа дека Европа се наоѓа на крстопат, а изборите за Европскиот парламент можат да биде клучни за да се случи пресврт.

Таа вели дека очекува во Европа да се вратат националните држави и дека нејзината партија е дел од политичкото движење кое се залага за тоа. Ле Пен се залага за претворање на Европската унија во место каде нациите соработуваат, а не Унијата да биде т.н. супер држава.

На претседателските избори пред две години Ле Пен изгуби од претседателот Емануел Макрон. Сепак поддршката за нејзината партија порасна. Ново истражување на јавното мислење покажува дека нејзината партијата и партијата на Макрон имаат речиси изедначена поддршка.

Франција не е единствената држава каде популистичките партии имаат висок рејтинг пред европските избори. Денес, националистичките партии владеат во неколку европски држави, вклучувајќи ги Италија, Полска и Унгарија.

„Тие може да освојат повеќе од третина од местата во Европскиот парламент“ вели Сузи Денисон од Институтот за надворешни односи на Европскиот совет. Таа вели дека ако анти-европските партии победат, тие ќе имаат членови во комисии, ќе можат да формираат политички групи, да добиваат средства и да работат како блок за да се спречат клучни одлуки.

Во Франција, движењето на жолтите елеци може да биде фактор на гласањето во мај и да бидат поддршка или конкуренција за партијата на Ле Пен.

Сепак Ле Пен вели дека на движењето не гледа како на закана. Ако тие одлучат да се кандидираат на европските избори, таа ги поддржува, затоа што тоа е демократски.

Анкетите покажуваат дека кандидатите од движењето на жолтите елеци може да украдат гласови од партијата Национален фронт. Сепак, движење е поделено и без водач, и многумина се сомневаат дека тоа може да се трансформира во вистинска политичка сила.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG