Линкови за пристапност

Изборите во Франција отворија прашања во Британија


Победата на Макрон ја обнови дискусијата за создавање на поширока прогресивна алијанса

Либералите и центристите во Велика Британија можат да бидат љубоморни. Победата на Емануел Макрон на претседателската трка во Франција, ја обнови дебатата во Велика Британија за тоа дали прогресивна алијанса може убедливо да ги победи конзервативците на парламентарните избори следниот месец.

Лидерите на Лабуристичката партија, главна опозициска сила во земјата, сепак одбиваат каков било изборен договор со либерал-демократите и зелените, и покрај повиците од активистите да го сторат тоа.

Минатата недела, кандидатите на Лабуристичката партија на локалните избори доживеа голем пораз од конзервативците, губејќи ја контролата врз градските совети во индустриските делови на земјата - региони кои се залагаат за Брегзит.

Ако резултатите од гласањето се повторат и на парламентарните избори на 8-ми јуни, лабуристите би можеле да се соочат со голем пораз, како оној од 1983-та година од Маргарет Тачер која тогаш обезбеди мнозинство во Парламентот.

Тактичко гласање

Лидерите на Лабуристичката партија исто така ги обесхрабруваат поддржувачите во ангажирање во т.н. тактичко гласање на денот на изборите, идеја промовирана од страна на поранешниот премиер Тони Блер, и покрај противењето во партијата.

Блер и некои други опозициски лидери ги повикаа гласачите да ги поддржат „најсилните прогресивни кандидати во своите региони, за да ги поразат ривалите од Конзервативната партија кои се залагаат за Брегзит.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин ги негира фактите, велејќи дека го затвора јазот со конзервативците.

Зелената партија одлучи да не предложи кандидати против лабуристите во Лондон и во јужниот крајбрежен град Брајтон, и побараа од Корбин да возврати со иста мерка на друго место.

Лидерката на Партијата на зелените, Каролин Лукас, го обвинува лидерот на лабуристите дека со игнорирањето на повикот за изборен договор, им го отвора патот на Ториевците за освојување на мнозинството.

Идеолошки битки

Умерените и крајно левичарските членови во Лабуристичката партија имаат поголема желба да се фокусираат на внатре партиските идеолошки битки и да се позиционираат за партиската борба по изборите.

Идеолошките поделби за време на кампањата излегоа на површина, откако членовите на партијата започнаа внатрешна борба и јавно се дистанцираа од лидерот Корбин.

Умерените на поразот на 8-ми јуни гледаат како на единствена можност за принудување на Корбин да поднесе оставка, откако преживеа неколку обиди за смена.

Партијата потоа ќе може да започне со тешкиот процес на чистење на крајната левица од своите редови, модернизирање на партијата и враќање на кредибилитетот, како што тоа го сторија Тони Блер и неговите приврзаници пред повеќе од 20 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG