Линкови за пристапност

Макрон најави задолжително носење маски во затворен простор


Околу 30.000 луѓе починаа во Франција како последица на вирусот, а има речиси 200.000 заразени, според универзитетот Џонс Хопкинс

Франција наскоро ќе воведе задолжително носење маска во затворени јавни места, со цел да се спречи ширењето на вирусот, најави претседателот Емануел Макрон.

По два месеца карантин, Франција почна со олеснување на рестриктивните мерки, отворајќи ги баровите и рестораните на почетокот на јуни.

Сепак, изминативе недели, вирусот се рашири толку многу, така што секое лице заразено со КОВИД-19, заразува најмалку уште едно лице.

„Имаме знаци дека се враќа“, рече Макрон во интервју за француските медиуми.

„Соочувајќи се со тоа, мора да се подготвиме“, додаде Макрон.

При олеснувањето на мерките, Франција препорача, но, не наложи задолжително носење маски, освен во јавен транспорт и јавни места, каде не може да се практикува социјално дистанцирање. Ваквата мерка не се однесуваше за купување во продавниците.

Околу 30.000 луѓе починаа во Франција како последица на вирусот, а има речиси 200.000 заразени, според универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG