Линкови за пристапност

Забраната за носење вел стапува во сила во Франција

  • Лиса Брајант

Забраната за носење вел стапува во сила во Франција

Во Франција реакциите меѓу жените се различни, некои тврдат дека и покрај забраната ќе продолжат да го покриваат лицето

На петочната молитва во џамијата во Абервил, Франција, делот за жени е преполн и е одраз на француската имигрантска мешавина. Шаренило од бои. Северно-африкански и суб-сахарски носии, заедно со многу облечени во црн вел до под, или хиџаб.

Женскиот и машкиот дел на џамијата се сосема одвоени. Имамот осудува мешање меѓу жени и мажи во јавност ако не се во роднински однос.

За 22-годишната Сомеја, ова ќе биде последен петок да оди во џамија со вел, ипознат и како никаб или бурка. Во понеделник влегува во сила новиот француски закон што забранува жените да носат ваква облека. Сомеја за Гласот на Америка изјави дека забраната многу ја погодува, зашто велот е симбол на нејзината вера.

Таа почнала да носи вел пред шест месеци, по личен избор.

Дваесет и четири годишната студентка Јамина носи хиџаб, целосен вел што не го покрива лицато. Таа вели дека носи хиџаб, а не никаб бидејќи немала можност, зашто, како што вели, „законите се против нас и против муслиманите“.

Но Сара Морван, 18-годишна, која се преобратила во муслиманска вера, вели дека ќе го задржи велот и покрај забраната. Едноставно, вели, ќе седи дома повеќе.

Со носење никаб, Морван вели дека се чувствува заштитена од погледите на мажи и странци. Се чувствува издвоена од општеството.

Тоа е точно она против што поддржувачите на забраната се борат. Владата проценува дека има околу 2.000 жени кои носат вел во Франција, а поборниците на забраната тврдат дека пет-шест милиони муслимани, поголем дел од кои се имигранти во земјата, на тој начин подобро ќе се интегрираат во општеството.

Легислативата ја туркаше претседателот Николас Саркоз, кој исто така се залага за обезбедување на почит на женските права и одвојување на црквата од државата.

Но многу муслимани , вклучувајќи ги оние кои не носат или поддржуваат вел за покривање на лицето, сметаат дека станале цел на напад на нефер начин.

Како и да е, законот вели дека жена која носи вел на јавно место ризикува казна од 200 долари и ќе мора да оди на часови за ре-едукација. Оние кои ја принудуваат жената да носи вел се соочени со поголеми казни – до 41 илјада долари и една година затвор. Белгија усвои слична легислатива минатата година и други европски земји размислуваат за тоа, но Франција е прва држава што тоа го спроведува.

XS
SM
MD
LG