Линкови за пристапност

Француски протестанти го блокираа приодот до аеродром

Француски протестанти го блокираа приодот до аеродром
Француски протестанти го блокираа приодот до аеродром

Нередите се случуваат во време кога францускиот Сенат се подготвува да гласа неделава по легислативата за кревање на минималната возраст за пензионирање од 60 на 62 години, а годините за полна пензија од 65 на 67.

Демонстрантите во четврток го блокираа патот што води до аеродромот во пристанишниот град Марсеј.

Протестантите ги спречија автомобилите да стигнат до аеродром, но претставници на авијацијата велат дека нема планови за откажување на летовите.

Лидерот на најголемиот трудов синдикат повика на уште еден ден на протести следната недела, додека лидерите на синдикатот се подготвуваат за средба во четврток на која ќе разговараат за натамошни акции.

Министерот за внатрешни работи на Франција кажа дека 14 од вкупно 200 депоа за гориво сеуште се блокирани од протестанти.

Претседателот Николас Саркози и` нареди на полицијата да ги расчисти демонстрантите кои го попречуваат доставувањето на гориво. Тие блокади влијаеја на снабдувањето на повеќе од илјада француски бензиски станици.

Американската поп ѕвезда Леди Гага ги одложи двата париски концерти планирани за подоцна неделава, велејќи дека камионите за продукција не можеле да стигнат до местото на концертот.

XS
SM
MD
LG