Линкови за пристапност

Продажбата на мигранти како робови е неприфатливо


Францускиот претседател побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, откако се појави видео снимка од аукција на мигранти во Либија

Франција побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за наводната продажба на африкански мигранти како робови.

По состанокот со претседателот на Гвинеја и шефот на Африканската унија Алфа Конде, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека видео снимката емитувана минатата недела на CNN, на која може да се види како на аукција се продаваат мигранти, е скандалозна и неприфатлива.

„Франција веднаш го осуди настанот. За тоа не се разговара. Презеде иницијатива за донесување мерка во рамки на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата со мигрантите во Либија. Дебатата почна вчера. Ова мора да доведе до конкретни акции и конкретни резолуции. Сакам да продолжиме во борбата против трговците со луѓе, кои вршат вакви кривични дела, како и да соработуваме со сите земји од регионот, со цел, уништување на овие мрежи“, изјави францускиот претседател Макрон.

Во извештаите се наведува дека заробени мигранти, како оние прикажани во Либија, биле продавани или малтретирани, вклучувајќи и физичко насилство.

Конде обвини дека Европската Унија ги охрабрува Либијците да ги задржуваат мигрантите во Северна Африка, и покрај фактот дека таму нема влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG