Линкови за пристапност

Силно невреме во Скопје: Поплавени домови, згради, возила, подвозници

Урнати дрвја, однесени покриви, поплавени гаражи, трговски центри, возила под вода и заглавени граѓани остави силното невреме што денеска попладне го погоди Скопје.

Пожарникари и полицајци се вклучени во извлекувањето на граѓаните што со своите возила останаа заглавени во поплавените подвозници низ Скопје, откако градот беше погоден од силно невреме проследено со обилен дожд, ветер и град. Урнати се голем број дрва и билборди, има оштетени возила, а голем дел од улиците и булеварите и натаму се под вода. Поплави имаше и во гаражните простории на трговскиот центар „Ист гејт“


Вчитај повеќе

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG