Канадските авто-работници во неделата го ратификуваа новиот работен договор со Ford Motor Company.
Националната претседателка на Унифор, Лана Пејн, (канадскиот авто-синдикат), рече: „Ова е неверојатен договор и знам дека животите на луѓето ќе се променат како резултат на она што е овде“.
Од Форд рекоа дека договорот е „историски“.
Според договорот, во првата година, Форд понуди зголемување на платите за 10%, проследено со два и три проценти за втората и третата година.
Договорот, исто така, ќе овозможи новите работници да стигнат до највисоката плата за четири, наместо за осум години.
Новиот договор вклучува и бонус од 10 000 долари за сите постојани работници и 4 000 долари за привремените работници.
Во САД, илјадници членови на синдикатот на United Auto Workers штрајкуваат против Stellantis, Ford и General Motors, како и против 38 центри за дистрибуција на делови.
Американскиот претседател Џо Бајден се очекува утре да им се придружи на синдикалците во Мичиген.