Бројот на Американци кои не можат да се прехранат е на историски највисоко ниво, според најнови податоци од американскиот Оддел за земјоделие.
Едно на седум американски домаќинства – 14,3 проценти – било несигурно дали ќе има доволно за јадење изминатава година. Таа цифра е непроменета од 2012-та и помала за само четири десетини од еден процентен поен од завршувањето на рецесијата во 2009-та.
„Ова е најголема несигурност во однос на храна што до сега сме ја виделе“, вели ко-авторот на извештајот Алиша Колман-Џенсен. „И оваа цифра е релативно стабилна. Не е намалена од времето кога рецесијата официјално заврши“, што е невообичаено за време на економско опоравување, додаде таа.
Но не се само невработените тие кои имаат тешкотии. Истражување на национална мрежа од 200 банки за храна, Прехранување на Америка, нашло дека речиси две третини од нивните клиенти живеат во сиромаштија, и покрај фактот што повеќе од половината имаат работа.
Близу 7 милиони домаќинства во државата требале да жртвуваат најмалку едно лице со храна минатата година, според студијата на Одделот за земјоделие. Таа цифра не е променета од 2009-та.
Цената на храната е фолем фактор што несигурноста со храна е толку висока. Иако целокупната инфлација била релативна ниска последниве години, цената на храната растела побрзо од другите добра и услуги. Во исто време платите не го држеле чекорот, особено за ниско-платените работни места.
Од друга страна, дури и кога храната е евтина, таа станува скапа на долг рок. Ова од причина што лууѓето кои јадат евтина храна се поподложни на болести поврзани со исхраната, како дијабетес и срцеви болести.
Педесет и осум проценти од домаќинствата во истражувањето на Прехранување на Америка имаат член со висок крвен притисок и третина имаат член со дијабетес.