Линкови за пристапност

Недоволно спиење – прекумерна тежина


Нова студија сугерира дека недоволен сон може да води кон повеќе јадење и добивање во тежина, заради процес во мозокот.

Истражувачите на Универзитетот Беркли во Калифорнија нашле дека само по една непроспиена ноќ, фронталниот дел на мозокот, каде се донесуваат рационални одлуки, е онеспособен. Како контраст, има зголемена активност во попримитивниот дел на мозокот каде се контролира желбата, а тоа е и дел кој одговара на награди. Како резултат на тоа, учесниците - 23 здрави млади полнолетни лица - имале желба за нездрава храна кога немале доволно сон, и имале помала способност да се спротивстават на тој импулс.

Според авторот Метју Вокер, професор по психологија и неврологија, наоѓањето може да индицира дека доволно спиење може да промовира здрава тежина, со подготовка на мозочните механизми кои управуваат со соодветен избор на храна.
XS
SM
MD
LG